Top Sport

Донарума бил изненаден од победата: Ништо не ми беше јасно

Голманот на Италија, Џанлуиџи Динарума, открил дека откако му го одбрани пеналот на Букајо Сака, не му било јасно во моментот дека неговата репрезентација ја освои титулата на ЕУРО 2020.

Италија, во неделата го освои европскиот шампионат, откако по изведувањето на пенали ја победи Англија со 3:2. Букајо Сака, шутираше во последната серија, неговиот удар од одбрани Донарума.

Откако го одбрани пеналот, Донарума мирно се оддалечи од гол-линија, погледна кон судијата Кујперс, а потоа се најде во прегратка на соиграчите.

„Не сватив веднаш дека победивме“, открил Донарума во разговор за Скај спорт.

„Сега, кога имаме ВАР, секогаш се проверува позицијата на голманот, поради тоа погледнав кон судијата, сакав да видам дали е се во ред. Потоа соиграчите дојдоа до мене и тука започна прославата. Ништо не ми беше јасно“.

Новиот голман на ПСЖ, на крајот беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство.

Scroll to Top