Top Sport

Дортмунд е „жив“, Баерн е на плус два (Видео)

Фудбалерите на Баерн ја пропуштија можноста во претпоследното коло да ја обезбедат титулата во Бундес лигата. Баварците во Лајпциг одиграа 0:0 и сега имаат два бода повеќе од Борусија Дортмунд.

Борусија со головите на Пулишиќ, Дилејни и Геце славеше над Диселдорф со 3:2. Стрелци за гостите беа Финк и Конвацки. Баерн и покрај киксот и понатаму се во подобра позиција од „милионерите“ во шампионската трка.

Резултати:

Аугсбург-Херта 3:4
Баер Леверкузен-Шалке 1:1
Дортмунд-Диселдорф 3:2
Лајпциг-Баерн Минхен 0:0
Хановер-Фрајбург 3:0
Штутгарт-Волфсбург 3:0
Нинберг-Менхенгладбах 0:3
Хофенхајм-Вердер 0:1

Scroll to Top