Top Sport

Ѓоковиќ го „скрши“ Тим во два тај-брејка

Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Мастерс турнирот во Мадрид. Првиот носител по два часа и 22 минути, во два тај-брејка (7/6, 7/6) го победи минатогодишниот финалист Доминик Тим.

Брилијантен меч одиграа српскиот и австрискиот тенисер на „Маноло Сантана“ теренот во Мадрид. Тим во двата сета прв доаѓаше до брејк, но Ѓоковиќ два пати успеваше да се врати и да направи пресврт. На крајот токму брејк топките пресудија за конечниот исход.

Ѓоковиќ имаше три брејк шанси и сите ги искористи, додека Тим реализираше само три од 10 брејк топки.

Во двата тај-брејка пресуди искуството на Ѓоковиќ.

На крајот Ѓоковиќ заврши со 17 винери и 26 неизнудени грешки, додека тој однос кај Тим беше 26/39.

Србинот во финалето (утре, 18.30 часот), ќе игра против победникот од мечот помеѓу Рафаел Надал и Стефанос Циципас.

Scroll to Top