Борусија Дортмунд потврди дека го комплетирала трансферот на Емре Џан од Јувентус, откако се чекаше последниот ден од преодниот рок за да се заврши работата.
26-годишниот германски репрезентативец, кој пристигна во Торино од Ливерпул, го завршува разочарувачкиот престој во Јувентус, пристигнувајќи во Германија со договор за позајмица до крајот на сезоната, со опција за купување од наводни 30 милиони евра, откако Јувентус инсистирале дека понудените 15 милиони евра се прениски.
Џан подоцна ќе добие четиригодишен договор со клубот од „Вестфален“ со плата од 10 милиони евра (пред данок) по сезона.
Emre Can ? pic.twitter.com/DlL2LEvu1T
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) January 31, 2020