Top Sport

Дортмунд го торпедираше Гладбах, Ројс со два гола и три асистенции!

Борусија Дортмунд стигна до убедлива 6:0 победа над Борусија Менхенгладбах во таканареченото „Борусен дерби“ за да го заддржи притисокот на Баерн Минхен по разочарувачкиот пораз од Глазгов Ренџерс во Лига Европа.

Марко Ројс ја отвори гол-серијата во 23. минута од мечот, за веќе во 32. минута да му асистира на Донјел Мален за 2:0. Финишот на натпреварот беше кобен за „ждребињата“ – Ројс во 70. минута му асистираше на Мариус Волф, за четири минути подоцна да го најде и Јусуфа Мукоко за катастрофални 4:0.

Во 81. минута, Ројс го постигна и вториот гол, пред во 91. минута, Емре Џан од пенал да ги постави конечните 6:0.

Дортмунд сега има шест поени помалку од Баерн на второто место на табелата, додека Менхенгладбах се само 13. со 26 поени и ги очекува борба за опстанок во Бундеслигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top