Аугзбург и Келн одиграа интересни 1:1 во меч од 30. коло во Бундеслигата, по кој двата клуба ја продолжуваат низата на натпревари без победа, која за Аугзбург трае три меча, а за Келн дури пет.
Домаќините на „ВВК арената“ имаа совршена шанса да стигнат до водство во 27. минута по досудениот пенал по несмасната интервенција на голманот Тимо Хорн, меѓутоа голманот се искупи со одбрана на ударот на Флоријан Нидерлехнер.
Гостите сметаа дека ќе избегаат со трите поени, откако Антони Модест во 86. минута ги донесе „јарците“ во водство, меѓутоа само две минути подоцна Филип Макс израмни на 1:1.
Со поделбата на поените, Келн е 12. со 35 поени, додека Аугзбург се место подолу со 32 поени, и двата клуба уште не се целосно безбедни во борбата за опстанок.