Поранешниот голман на Ливерпул и на Реал Мадрид, Чехот Јержи Дудек во својата нова автобиографија има една брутална оценка на Лионел Меси, велејќи дека репутацијата која ја добил како „тивок и мирен“ човек не е вистинита, и дека бил „затскриен и незамисливо вулгарен“ во дуелите со „кралевите“.
48-годишниот Дудек беше замена на Икер Касилјас четири години на „Сантијаго Бернабеу“ и вели дека „средбите“ со Меси биле напорни поради неговото однесување и однесувањето на Пеп Гвардиола.
„Тој беше затскриен и провокативен, исто како цела Барселона и Пеп Гвардиола. Беа подготвени за провокации и го правеа тоа до совршенство. Знам дека тоа му пречеше на Жозе Мурињо и на целиот тим. Го гледав Меси како кажува толку непристојни работи на Пепе и на Серхио Рамос, што не би замислиле од толку тивка, и на прв поглед добра личност“, пишува Дудек во книгата.