Македонскиот првак Струга Трим Лум го победи Есперанж со 3:1 и обезбеди два гола предност пред реваншот во Луксембург за седум дена, во третото коло од квалификациите за Конференциската лига.
Тренерот Шпетим Дуро изрази задоволство од триумфот.
„Заслужено победивме, во целост бевме подобар тим од Есперанж. Во првото полувреме бевме многу подобри и создадовме предност од два гола, а имавме мал пад на почетокот на вториот дел. Сепак, потоа успеавме повторно да го подигнеме нивото и стигнавме до заслужен триумф. Сепак, ништо не е готово, затоа што не очекува уште еден натпревар во Луксембург“, изјави Шпетим Дуро.