Top Sport

„Дувањето“ од балон може скапо да го чини Лаказет

Арсенал потврдија дека ќе имаат истрага откако се појавија фотографии на кои Александер Лаказет инхалира гас од балон, третирајќи ја ситуацијата како „сериозна“. Ова се случува само 18 месеци откако францускиот напаѓач со повеќе фудбалери на Арсенал (Обамејанг, Колашинац, Озил и Гендузи) инхалираа гас во еден ноќен клуб во Лондон.

Фотографиите гои беа објавени од „Дејли стар“ го покажуваат Лаказет како инхалира од балон, пред да ги затвори очите и да се релаксира на каучот. Фотографиите се од видео кое наводно Лаказет го пратил на своите пријатели со порака: „Дома, чил-аут и балони“.

„Се работи за приватна работа, но ја разгледуваме сериозно ситуацијата. Ќе биде решена внатре во клубот“, објавија од Арсенал.

Се верува дека во двата случаи се работи за инхалирање на азот-оксид, или популарен како „хипи крек“, гас кој не создава зависност, но носи еуфорично чувство на корисникот.

Scroll to Top