Top Sport

Јуве и Барса се договорија! Де Шиљо, Пјаниќ и 25 милиони за Семедо!

Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека веќе се склучил договорот меѓу Јувентус и Барселона за „трампа“ на фудбалери, со која Нелсон Семедо ќе замине во Торино, додека на „Ноу Камп“ ќе пристигнат Матијас де Шиљо и Миралем Пјаниќ, а „бјанконерите“ ќе доплатат и 25 милиони евра.

Според весникот, се работи за комплексен договор за кој биле потребни многу часови преговори мешу двата клуба, кои биле заинтересирани за комплетирање на договорот.

Пјаниќ и Де Шиљо наводно веќе се договориле со Барселона, и останува само уште Португалецот Семедо да даде зелено светло, иако и тој слично како Артур пред него одбива да замине.

Семедо имал „пазарна вредност“ од 50 милиони евра, и затоа Јувентус се согласил да додаде парична вредност на договорот. 25-те милиони кои Барса ќе ги добие ќе бидат искористени во обидот да го донесат Лаутаро Мартинез од Интер.

Семедо пристигна на „Ноу Камп“ пред три сезони, покажувајќи импресивни перформанси. Де Шиљо е десен бек кој дојде во Јуве од Милан за 8.5 милиони евра, и оваа сезона имаше само осум настапи поради повреди. Највредниот играч кој го добива Барса е 30-годишниот Миралем Пјаниќ, кој пристигна во Јуве од Рома за 35 милиони евра.

Scroll to Top