Top Sport

Две победи по ред и Болоња не е веќе при дното

Фудбалерите на Болоња ја остварија втората последовна победа во Серија А, трета вкупно оваа сезона, и се искачија на 12. позиција на табелата. Болоња славеше на гости против Монца со 1:2.

Андреа Петања во 57.минута ја доведе Монца во водство откако реализираше пенал, а Болоња возврати само три минути подоцна со голот на Луис Фергусон. Победоносниот погодок беше дело на Рикардо Орсолини во 73.минута од натпреварот.

Монца го забележа осмиот пораз оваа сезона и се наоѓа на 15.место на табелата.

Scroll to Top