Top Sport

Хетафе се провлече кај последнопласираниот Елче

Елче и понатаму е без победа во Ла Лига, а вечерва бодовите ги однесе и тимот на Хетафе, кој славеше со 0:1. Енес Унал беше стрелец на единствениот гол во 55.минута, но вистински херој е голманот Давид Сориа.

Тој во 87.минута успеа да му одбрани пенал на Лукас Боје и ја задржа минималната предност за Хетафе.

По 12 кола, Елче нема ниедна победа и тоа е најслабиот старт во нивната клупска историја.

Scroll to Top