Top Sport

Ѕвездите на Барса и Реал му откажаа на бразилскиот селектор

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид, Фелипе Кутињо, односно Марсело и Каземиро, поради повреди нема да бидат во бразилската репрезентација за претстојните контролни натпревари.

Кутињо има проблеми со бутниот мускул на левата нога, додека Марсело од почетокот на сезоната има проблеми со повредата на десната нога. Каземиро се повреди во неделата на натпреварот во Виго, против Селта и него му претстои три неделна пауза.

Селекторот на Бразил Тите, местата на овие двајца играчи ќе ги поплни со Ренато Аугусто и Алекс Сандро.

Бразил, на 16.ноември, ќе игра против Уругвај, а четири дена подоцна против Камерун. Инаку и селектор на Уругвај има проблеми со повредени играчи. Против Бразил нема да настапат двајцата играчи од последната линија на одбраната Диего Годин и Хозе Хименез, од Атлетико Мадрид.

Бразил против Уругвај ќе игра во Лондон, а против Камерун во Милтон Кинз.

Scroll to Top