Top Sport

Еду се потсмева со бизарното видео на Сколс и „грицкањето“ нокти на ќерката

Техичкиот директор на Арсенал, Еду се потсмеваше со легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс откако неговата ќерка постави видео на социјалните мрежи на кое тој ги мириса нејзините стапала.

Неодамна многумина останаа зачудени и згрозени од видеото кое го објави ќерката на Сколс, Алиша во кое фудбалерот ги грицка нејзините нокти на нозете. Алиша на видеото напиша „вистинска љубов“, но реакциите не беа најдобри и тој стана предмет на потсмев.

Еду сега го следеше Сколс, откако неговата ќерка Марија Едуарда Гашпар објави видео на кое нејзиниот татко ги мириса нозете пред да се смее.

Scroll to Top