Top Sport

Египет се раздели со селекторот Карлос Квеирош

Фудбалската федерација на Египет соопшти дека спогодбено ја прекина соработката со селекторот Карлос Квеирош. Предводени од голгетерот Мохамед Салах, Египќаните не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство во Катар оваа година, а во баражот беа елиминирани од селекцијата на Сенегал, која претходно го совлада Египет и во финалето на Африканскиот куп на нации.

Во својата богата кариера, португалскиот стратег Карлос Квеирош ги водеше и селекциите на Португалија, Обединетите Арапски Емирати, Јужна Африка, Иран и на Колумбија, а беше и шеф на стручниот штаб и на Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.

Scroll to Top