Манчестер јунајтед потврдија дека му понудиле на Хуан Мата нов договор, но Андер Ерера и капитенот Антонио Валенсија ја предводат листата од 14 фудбалери кои нема да се во клубот од „Олд Трафорд“.
Договорот на Мата завршува на крајот на сезоната, но Јунајтед потврдија дека сакаат ветеранот да остане. Ерера, кој дојде од Атлетик Билбао во 2014, заминува во Пари Сен-Жермен, додека Валенсија заминува по една деценија на „Олд Трафорд“.
Другите 12 фудбалери кои ќе заминат од Јунајтед се релативно анонимни: Џејмс Вилсон, Милен Барс, Џошуа Бохуи, Закари Дирнли, Калам Грибин, Ди Џеј Буфонџ, Реган Пул, Том Санг, Тајлер Ворен, Калам Вилан, Мети Вилок и Метју Олосунде.