Поранешниот директор на Барселона, Тони Фреича им порача на навивачите на каталонскиот гигант да не се надеваат на никакви трансфери ова лето, обвинувајќи го клубот дека „продава магла“.
Барселона, и покрај финансиските проблеми, во текот на летото беа поврзувани со повеќе големи имиња, како Роберт Левандовски, Бернардо Силва и Рафиња, но Фреича вели дека клубот само ќе продава за да преживее бидејќи едноставно нема средства за купување на играчи.
„Вие знаете дека Левандовски, Кунде, Рафиња или Бернардо Силва нема да дојдат, така? Не можете да ја купите нивната приказна за засилувања. Тоа е продавање на магла. Тоа што го ветуваат е надвород реалноста и затоа морам да ги предупредам фановите а не се надеваат. Некој може да дојде ако продадеме некој играч. Но, за тоа да се случи треба да го продадеме со многу повисока цена. Барселона во моментов продава само илузии. Верувам дека ќе има продажба, за да можеме да ги вратиме долговите“, вели Фреича.