Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Даниел Агер мораше да демантира дека бил уапсен во Москва на протести против претседателот Владимир Путин, како што јавија дел од руските медиуми.
Руските извори тврдеа дека Агер бил уапсен во саботата во Москва на протест за поддршка на Алексеј Навални, лидерот на опозицијата кој беше затворен по враќањето во Русија, а дури се појавија и документи со името „Д М Агер“ кој се појавил пред судот во Москва.
Сепак, бизарната приказна стана уште побизарна откако рускиот портал „База“ потврди дека се работи за Дмитриј Кендрел, човек кој го сменил своето име во чест на данскиот репрезентативец во 2009.
„Има некоја конфузија. Никогаш не сум кажал дека има само еден Даниел Агер, а сега тоа се потврди. Даниел Агер во Москва не сум јас. Јас сум добро и во Шпанија“, напиша Агер на Твитер.
“There is a bit of confusion out there. I have never said: “ There is only one Daniel Agger.” And now we know for sure. The Daniel Agger mentioned in an incident in Moscow is not me.” I’m safe and sound in Spain ☀️??
— Daniel Agger (@DanielAgger) January 25, 2021