Халида Попал, поранешната капитенка на авганистанската женска фудбалска репрезентација ги повика сегашните фудбалерки да ги избришат своите профили на социјалните мрежи и да ги изгорат своите дресови за да ја сочуваат својата безбедност под власта на Талибанците.
Попал посочува дека Талибанците во минатото силувале и каменувале жени во минатото и дека сите фудбалерки се исплашени од ситуацијата. Таа додава дека секогаш ги повикувала жените да го „кренат гласот“, но дека сега има поинаква порака.
„Денеска им се јавувам и им велам, скријте ги своите имиња, сокријте ги своите идентитети, тргнете ги фотографиите од социјалните мрежи. Им порачувам да ги изгорат дресовите. И тоа ме боли, како личност која секогаш се залагала за остварување на целите како фудалерка“, вели Попал.