Барселона и Реал Мадрид се договориле одложениот натпревар од 10 коло да се одигра на 18 декември (среда) на „Ноу Камп“. „Ел Калсико“ требаше да се одигра в сабота (26 октомври), но поради кревката политичка ситуација во Каталонија е одложен.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека клубовите постигнале договор околу терминот кога треба да се одигра натпреварот, а датумот ќе мора да го потврдат од Фудбаскиот сојуз на Шпанија. Токму од Сојузот на клубовите им предложиле да најдат заедничко реение.
Меѓутоа иако клубовите се договориле и Сојузот ќе го прифати терминот, од договореното не биле задоволни од Ла Лига. Тие ќе се жалеле на оваа одлука бидејќи барале дербито да биде одиграно на 4 или 7 декември.