Top Sport

„Ел Класико“ ќе се игра на 18 декември?

Барселона наредната сабота (26 октомври) треба да го пречека Реал Мадрид, но како стојат работите тој ден нема да се игра „Ел Калсико“.

Протестите во Барселона што веќе три дена се одржуваат во Барселона поради изрекувањето на судските пресуди за Каталонските лидери го парализираат градот. Се претпоставува дека гостувањето на Реал само ќе ги зголеми тензиите.

Предлогот првото сезонско „Ел Класико“ да се одигра во Мадрид, а во вториот дел од сезоната на 1 март наредната година Барселона да биде домаќин го одбија двата клуб.

Ла Лига, Фудбалскиот сојуз на Шпанија, па дури и шпанската влада не сакаат дербито да биде одиграно на 26 октомври во Барселона.

Компромисно решение кое нема да г задоволи двете страни предложиле од натпреварувачката комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Решението е дербито да биде одложено и да се игра на 18 декември.

Ла Лига не се задоволни од предлогот „Ел Класико“ да се игра в среда, но тоа е така бидејќи друг слободен термин нема.

Клубовите имаат пренатрупан распоред, а 18 декември е слободен термин кога ќе се играат и натпреварите од првото коло во Купот на Кралот.

Scroll to Top