Секој меч помеѓу Барселона и Реал Мадрид, прославеното „Ел класико“, носи своја приказна во долгото и бурно ривалство, но вечерва на „Ноу Камп“ може да биде одлучувачки за шпанската титула.
Ла лига го опишува мечот како „вистински културен феномен кој го привлекува вниманието на милиони фудбалски фанови“. Со победа на Барса, каталонскиот клуб, отповарен со финансиска криза и обвинувања за влијание кон судиите, ќе отвори предност од 12 поени, но со победа на Реал, „кралевите“ ќе останат во трка за титулата на 12 кола пред крајот.
Реал пристигнува на „Ноу Камп“ по 1:0 победата над Ливерпул за ново четврт-финале на Лигата на шампиони, и Карло Анчелоти ќе има можност да смета на своите две најголеми ѕвезди во нападот, Винисиус Жуниор и Карим Бензема.
„Иако не беше во најдобра форма последните мечеви, Вини е секогаш Вини. Неговата подвижност на теренот ни дава толку многу простор за игра и таа негова слобода ќе биде клучна. Тој е проблем за секоја одбрана“, вели Анчелоти.
Барса ќе биде без повреденит Педри и Усман Дембеле, но може да се охрабри со двете победи над Реал оваа сезона – во јануари за титулата од Шпанскиот суперкуп, и во март со 1:0 во првиот меч од полуфиналето на Копа дел реј. Меѓутоа, Реал победи во лигашкиот натпревар на „Бернабеу“ во октомври со 3:1.
„Реал се силни. Многу силни, во подобра физичка форма од мечот во јануари и ќе биде тесно. Овој Мадрид е европски шампион и мислам дека имаме 50 отсто шанси за победа“, оценува тренерот Чави Ернандез, отфрлајќи го тврдењето дека се големи фаворити.
Мечот започнува во 21 часот.