Аргентинците ја освоија светската титула, но заборавија на спортските манири и почитта кон ривалите. Ова особено важи за голманот Емилијано Мартинез кој покажа тотална непочит кон Килијан Мбапе.
На прославата во отворениот автобус во Буенос Аирес носеше бебешка кукла со ликот на Мбапе, асоцирајќи дека тој се уште е надораснат за да ја победи Аргентина. Сепак, и покрај поразот на пенали, Мбапе дури четири пати ја тресеше мрежата на Мартинез, даде хет – трик во текот на мечот, а го реализираше и пеналот при изведувањето на ударите од белата точка.