Top Sport

Емотивна порака од Милан за Михајловиќ: „Напред Синиша, семејството росонери е со тебе“

Болоња синоќа освои голем бод на „Сан Сиро“, но на клупата го немаше тренерот Синиша Михајловиќ. Тој повторно е во болница откако одново му се појавија симптомите на леукемија.

Милан најде начин да му даде поддршка на својот поранешен тренер во уште една тешка борба. На семафорот за време на натпреварот беше прикажана порака за поддршка на Синиша Михајловиќ: „Напред Синиша! Семејството „росонери“ е со тебе“.

Михајловиќ деновиве доби илјадници пораки на поддршка откако објави дека по вторпат ќе започне голема битка со тешката болест.

 

Scroll to Top