Шпанскиот селектор, Луис Енрике верува дека неговата репрезентација може до светската титула во Катар, но ако тоа не возможно би сакал да ги види Лионел Меси со Аргентина, или Луис Суарез со Уругвај со трофејот. Енрике им беше тренер на двајцата ветерани во Барселона од 2014 до 2017 година, и смета дека двајцата заслужуваат да заминат во фудбалска пензија со освоена светска титула.
„Ако ние не победиме, би сакал тоа да е Аргентина. Би било нефер за играч со статус на Меси да се пензионира без Светско првенство. Исто така Уругвај заз Луис Суарез“, изјави Енрике во својот прв стрим на „Твич“ во петокот.
52-годишниот Енрике исто така верува дека неговата репрезентација ќе има успешен турнир и покрај тоа што пристигна во Катар со повеќе неискусни фудбалери. Шпанија е во групата Е со Германија, Костарика и Јапонија.
„Не се плашам поради младоста. Фудбалот еволуираше, младите фудбалери имаат ентузијазам, а ветераните се тука да ги предводат. Првата цел е да се заврши на првото место во групата. Не се плашиме од никого. Се надевам дека Шпанија ќе биде изненадување на турнирот, но за другите, не за мене, бидејќи ги знам нашите квалитети“, вели Енрике.
„Фуријата“ го почнува Мундијалот во среда против Костарика.