Top Sport

Роналдо со гол број 800 и 801 за драматична победа над Арсенал во „англиска класика“

Манчестер јунајтед и Арсенал во минатото играа мечеви за титула кои секогаш изобилуваа со голови, акција и возбуда, а навивачите на двата гиганти чија форма, за жал, во последните години се во надолна линија, се потсетија на тие славни денови во уште едно класично дерби, кое овојпат заврши со 3:2 победа за Јунајтед благодарение на 800. и 801. гол во кариерата на Кристијано Роналдо.

Со новиот тренер Ралф Рангник на трибините (додека не ја среди визата пред неделниот меч со Кристал палас), фановите на „Олд Трафорд“ не можеа да посакаат полош старт – Арсенал во 13. минута стигнаа до водство преку Емил Смит-Роув во еден од најбизарните голови во историјата на Премиерлигата. По корнерот на „топчиите“, Фред го нагази својот голман Давид де Хеа, кој падна повреден на тревата, а Смит-Роув од далечина ја смести топката во голот. Судијата Мартин Еткинсон прво го поништи голот, но по прегледувањето на ВАР снимките тој беше признаен.

Јунајтед успеаја да се вратат во игра во 44. минута, кога по одличното проигрување на Џејдон Санчо, Фред му асистираше на Бруно Фернандеш за 1:1, а Кристијано Роналдо во 56. минута го постигна својот јубилеен 800. гол по убавата акција со Маркус Рашфорд. Само две минути подоцна Мартин Одегард со фантастичен удар од 15-тина метри израмни на 2:2, но Норвежанецот потоа го собори Фред во шестнаесетникот во 70. минута да дозволи Роналдо да стигне и до својот 801. гол.

Со ова „шоу“ на Португалецот се ставаат на страна шпекулациите дека беше поставен на клупата против Челси по наредба на Рангник, кој сигурно ќе смета на неговите услуги оваа сезона.

Арсенал и покрај поразот, остануваат петти со 23 поени, еден повеќе од Тотенхем на шестото место и два пред Јунајтед, кои сега се седми.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top