Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ поради повреда нема да може да се стави на располагање на А тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Италија (24.март) и Португалија/Турција (29. март) од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар.
Фудбалерот на Гезтепе почуствувал болка во тетивата на денешниот првенствен натпревар од турското првенство. Лекарските прегледи потврдија дека Јаховиќ не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви.
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски веднаш прати повик до Ердон Даци.
Поранешниот младински репрезентативец, првпат добива можност за настап во А репрезентацијата на Македонија.
Фудбалерот на белгиски Вестерло е прв стрелец на својот клуб, стандарден првотимец на натпреварите за Вестерло, екипа која е лидер во втората лига и најсериозен кандидат за влез во најдобрата белгиска конкуренција.
Собирот на нашата најдобра репрезентација е закажан за утре во 20часот. Првиот тренинг ќе го има в понеделник од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.