Дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија, го скрши палецот на десната рака и ќе биде опериран, соопшти прес-службата на каталонскиот тим. Операцијата на 21-годишниот Шпанец ќе биде извршена утре.
По интервенцијата, Барселона ќе објави ново соопштение за состојбата на играчот кој најверојатно нема да биде во можност да игра до крајот на сезоната.
Младиот играч кој се врати од Манчестер Сити, оваа сезона запиша 35 натпревари за Барселона, а заработи седум жолти и два црвени картони.