Top Sport

Ериксен го прослави 30-тиот роденден со пријателски меч за Брентфорд

Кристијан Ериксен го одигра својот прв меч за Брентфорд во понеделникот, прославувајќи го својот 30. роденден на теренот во пријателски меч само осум месеци откако имаше срцев напад на стартот на Европското првенство.

Ова е прв меч за поранешниот фудбалер на Тотенхем и Интер по дуелот Данска-Финска во Копенхаген, кога колабираше на теренот со срцев напад и му беше вграден кардовертер-дефибрилатор (ИЦД).

Тој неодамна потпиша шестмесечен договор со премиерлигашот, и во понеделникот одиграл 60-тина минути од пријателскиот меч со Саутенд јунајтед, кој Брентфорд го доби со 3:2 и се играше зад затворени врати. Ериксен беше асистент на еден од головите, а имал шанса и да постигне еден гол.

Scroll to Top