Данскиот фудбалски интернационалец Кристијан Ериксен го шокираше и го загрижи целиот фудбалски свет на мечот Данска – Финска на ЕУРО 2020. Во текот на мечот доживеа срцев удар, па лекарите го враќаа во живот на самиот терен.
Откако се опорави, му вградија дефибрилатор кој треба да внимава на неговото срце.
Денеска доаѓаат вести дека кариерата на Данецот можеби и нема да мора да биде завршена, но тој со сигурност веќе нема да може да настапува за Интер, но и во италијанското првенство. Според италијанските закони, тој со вграден дефибрилатор не смее да се најде на теренот.
„Кристијан Ериксен нема да може да добие зелено светло пак да заигра во Италија доколку не му биде отстранет дефибрилаторот“ изјави денеска еден од докторите во ФС на Италија, Франческо Браконеро за локално радио.
Сега, според изложеното, пред данскиот фудбалски ас се три опции:
-Да се прости од фудбалот и да ја заврши играчката кариера
-Да оди на друга операција за да му го извадат дефибрилаторот, по што докторите ќе треба да му дадат дозвола да се занимава со фудбал на „Чизмата“
-Третата опција е да го напушти Интер и да заигра за клуб во земја во која може да се настапува со сегашната негова здравствена состојба
Засега нема инфо за одлуката на Данецот.
Christian Eriksen cannot play in Italy with the defibrillator installed in his heart. That has been concluded by the Serie A Association. https://t.co/kqBnsz9eZA
— DanishFooty (@DanishFooty) July 22, 2021