Top Sport

Чудо од дете. Гоф ја елиминира Осака

Тинејџерката од Австралија Кори Коко Гоф направи уште едно големо изненадување на Австралија опен. 15 годишната тенисерка ја елиминираше од турнирот бранителката на титулата Наоми Осака.

Гоф го освои првиот сет откако ја реализира единствената брејк топка во овој дел од мечот. При резултат 4:3, Гоф ја брејкна противничката, а потоа со сигурни сервиси го освои првиот сет со 6:3.

Вториот сет започна со брејк на Американката, Јапонката возврати со иста мерка во вториот гем. Клучниот брејк Гоф го направи во седмиот гем, а потоа го освои сетот со 6:4.

„Мој Боже! Ова е лудо! јас сум на Род Лејвер арена! Не можам да поверувам што се случува“, изјави Гоф по натпреварот.

Во наредната рунда Гоф за противничка ќе ја има подобрата од дуелот помеѓу Шуаи Џанг и Софија Кенин.

Scroll to Top