Еспањол го совлада Атлетик Билбао со 1:0 во последниот меч од 11. коло во шпанската Ла лига, за да се пробие на второто место на табелата со само три поени помалку од актуелниот шампион, градскиот ривал Барселона.
Билбао пак, е сѐ поблиску до зоната за испаѓање, откако нема победа во последните 10 меча во мизерниот старт на сезоната за баскиската гордост.
Човек на одлука беше Борха Иглесиас, кој во 41. минута од мечот доби фантастична топка од Дидак Вила и со глава го „матираше“ Ерерин.
За тимот на Руби, ова е шеста победа оваа сезона, со која имаат 21 поен, три помалку од првопласираната Барселона, но и еден повеќе од Севилја, Атлетико Мадрид и Алавес во интересната горна половина на Ла лига.
Атлетик се на 17. место со само 10 освоени поени, еден повеќе од Леганес, и четири пред последнопласираната Уеска.
Фото: ЕПА