Хери Кејн постигна хет-трик за Англија да стигне до убедлива 4:0 победа над Бугарија за да го продолжат победничкиот поход во квалификациите со трет триумф во низа. Убедливи победи за заддржување на првото место во групите имаа и Украина и Исланд.
Кејн го постигна првиот гол во 24. минута од мечот на асистенција на Рахим Стерлинг, а во 50. минута го удвои водството со гол од пенал. Стерлинг само пет минути подоцна зголеми на 3:0, а Кејн стави точка на мечот во 73. минута, повторно со гол од белата точка.
Со третиот триумф, тимот на Герет Саутгејт се врати на првото место во групата А со 9 поени, пред Косово со 8 и Чешка со 6 поени. Бугарите имаат само 2 поени со две ремија.
Украинците покажаа дека се најсериозни фаворити за првото место во групата Б со 3:0 победа над Литванија, со што им избегаа на најголемите фаворити Португалија и Србија во групата. Исланд пак, го заддржа првото место во тешката група Х со 3:0 победа над Молдавија. Исланд има 12 поени, а Турција и Франција по 9.
ГРУПА А
Англија – Бугарија 4:0
Табела: 1.Англија 9, 2.Косово 8, 3.Чешка 6, 4.Црна Гора 2, 5.Бугарија 2
ГРУПА Б
Литванија – Украина 0:3
Табела: 1.Украина 13, 2.Луксембург 4, 3.Србија 4, 4.Португалија 2, 5.Литванија 1
ГРУПА Х
Исланд – Молдавија 3:0
Табела: 1.Исланд 12, 2.Турција 9, 3.Франција 9, 4.Албанија 6, 5.Молдавија 3, 6.Андора 0