УЕФА на утрешниот состанок со земјите-членки на организацијата треба да донесе одлука на кој начин ќе заврши сезоната и дали ќе го одложи Европското првенство.
Според светските медиуми, најреална опција е ЕУРО 2020 да биде одложено, но да се одржи оваа година во периодот од 23 ноември до 23 декември.
Кога станува збор за европските купови, осмина-финалните мечеви би биле комплетирани во мај, веројатно без публика, додека во четврт-финалето би се играл само по еден натпревар и тоа на неутрален терен. Потоа во Лигата на шампионите и Лига Европа би се одржале Фајнл-фоур турнири.
Со одложувањето на ЕУРО 2020, УЕФА би им овозможила на националните сојузи да ги завршат првенствата, додека сезоната 2020/2021 би започнала во септември.
Покрај УЕФА и националните сојузи, на утрешниот состанок се поканети и од Здружението на клубовите и ФИФпро (Здружението на фудбалските професионалци).