Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ќе мора да го даде своето објаснување пред англиската Фудбалска асоцијација (ФА) по неговата „дискусија“ со играчот на средниот ред на Саутемптон, Нејтан Редмонд по мечот во средата.
Гвардиола влезе на теренот по 2:1 победата над Саутемптон обезбедена со гол во последните моменти од мечот, по што влезе во остра дискусија со 23-годишниот Редмонд. Тој тврдеше дека само му порачал на Редмонд дека е добар играч и дека требале да нападнат во мечот, а интересно и самиот Редмонд го потврди ова.
Гвардиола сега мора до понеделник да се јави на барањето на ФА.
Anyone have any idea what this was all about between Guardiola and Redmond? #MCISOU #MCFC #SaintsFC pic.twitter.com/WG5ve4DBcB
— Gridiron Gaffer (@gridirongaffer) November 29, 2017