Третолигашот Рочдејл успеа да извлече реми 1:1 со премиерлигашот Њукасл во третото коло на ФА купот, што им обезбеди реванш на „Сент Џејмс парк“ и голема исплата од ТВ-правата и продадените билети на големиот стадион.
Мигуел Алмирон уште во 17. минута им донесе очекувано водство на гостите, но домашниот тим, кој игра на малиот „Спотланд стадион“ успеа да израмни во 78. минута преку 40-годишниот ветеран Арон Вилбрахам за Рочдејл потоа да изддржат до крајот против тимот на Стив Брус.
Другиот премиерлигаш кој беше во акција во првиот термин од саботните мечеви немаше вакви проблеми – Барнли со 4:2 го победи Питерборо. Во четвртото коло се и Милвол по 3:0 победата над Њупорт и Бирмингем сити, кои со 2:1 ги совладаа Блекбурн иако играа со играч повеќе во поголемиот дел од второто полувреме.
ФА КУП, 3.КОЛО
Бирмингем сити – Блекбурн 2:1
Бристол сити – Шрузбери 1:1
Барнли – Питерборо 4:2
Милвол – Њупорт 3:0
Рочдејл – Њукасл 1:1
Ротерам – Хал сити 2:3
РОЧДЕЈЛ – ЊУКАСЛ
БАРНЛИ – ПИТЕРБОРО
РОТЕРАМ – ХАЛ