Бразилскиот интернационалец Фабињо, сепак, нема да може да им помогне на соиграчите од Ливерпул во финалето на ФА купот на Англија против Челси. Менаџерот Јирген Клоп потврди дека играчот за врска ќе мора да одмори најмалку уште неколку дена откако се пожали на повреда на мускулот на дуелот против Астон Вила.
„Ќе го немаме Фабињо во финалето на ФА купот. Но, се надевам дека многу брзо ќе ни се придружи. Сезоната е исцрпувачка, но ќе издржиме. Сега е најважно затоа што се бориме за трофеите“, изјави менаџерот на Ливерпул.
Финалната средба од ФА купот на Англија е закажана за в сабота на „Вембли“, со почеток во 17.45 часот.