Top Sport

„Кралевите“ го носат Раул де Томас за замена на Бензема

Реал Мадрид се уште е во потрага по замената за Карим Бензема. „Кралевите“ се подготвуваат за Суперкупот на Европа, се ближи и стартот на Ла Лига, а Карло Анчелоти нема решение за навалната линија.

По заминувањето на Лука Јовиќ и продажбата на Борха Мајорал, се споменуваа многу имиња, Тимо Вернер, Серж Гнабри, Мауро Икарди, но на крајот најверојатно Раул де Томас ќе биде новото име кај „кралевите“. Всушност, ќе се врати во клубот каде го отпишаа пред три сезони како прекуброен.

Де Томас постигна 44 гола во дресот на Еспањол, а минатата сезона дебитираше и за националниот тим на Шпанија.

Scroll to Top