Top Sport

Спенс ги обедини титулите во велтер категорија со нокаутот над Угас

Ерол Спенс Јуниор ги обедини ВБЦ, ИБФ и ВБА титулите во велтер категорија, откако го нокаутираше Кубанецот Јорденис Угас во 10. рунда за да го подобри скорот на 28-0 и да го забележи својот 22. нокаут докажувајќи дека е најдобар во својата каегорија.

Судијата Лоренс Кол го прекина мечот во 10. рунда, откако десното око на Угас беше целосно затворено и по втората лекарска проверка беше решено дек тој не може да проолжи.

Ова беше прв меч за 32-годишниот Спенс по повеќе од 16 месеци, по победата на поени над Дани Гарсија во декември 2020, и сега почнуваат преговорите за меч против непоразениот ВБО шампион Теренс Крофорд (38-0, 29 КО), кој последен пат боксуваше во ноември, нокаутирајќи го Шон Портер.

Scroll to Top