Top Sport

Фарфан останува во болница со потрес на мозокот

Перуанскиот напаѓач Џеферсон Фарфан останува во болница и 48 часа по судирот со глави на тренинг и нема да биде дел од последниот меч на Перу против Австралија, потврди селекторот Рикардо Гарека.

Фарфан беше итно однесен во болница во саботата откако доби незгоден удар со глава на тренингот на репрезентацијата.

„Тој беше во несвест неколку минути, по што беше стабилизиран и однесен во болница. Постојат протоколи и тој мора да остане во болница најмалку 72 часа. Тоа го одредија руските лекари, и им благодариме на организаторите и на медицинскиот тим кој му помогна“, вели Гарека.

Оваа вест доаѓа само пет дена откако за Мароко играше Нордин Амрабат во вториот меч од групата Б против Португалија откако беше хоспитализиран во првиот меч против Иран поради удар со главите. Тој по само 16 минути игра ја отстрани заштитата за главата.

Фото: ЕПА

Амрабат играше за Мароко со потрес на мозокот?

Scroll to Top