Top Sport

Фелипе Андерсон со пресврт за три поени за „чеканите“ (видео)

Бразилецот Фелипе Андерсон постигна два гола за 9 минути во второто полувреме, за да им донесе на Вест хем импресивна 2:1 победа со пресврт на гости кај Саутемптон.

Домашниот тим, кој се бори да остане подалеку од зоната за испаѓање, поведе во 50. минута со малку среќа преку Нејтан Редмонд, но одговорот на „чеканите“ беше брз и ефикасен. Андерсон прво во 53. минута израмни со убав гол од работ на шестнаесетникот, пред само девет минути подоцна да се најде на вистинското место по брзиот контра-напад за втор гол во мечот.

Со победата, Вест хем се искачи на деветтото место во „тесната“ средина на Премиер лигата со 27 поени (колку што имаат и осмопласираниот Евертон и десетопласираниот Ватфорд), додека Саутемптон се на 16. место со 15 освоени поени.

Scroll to Top