Top Sport

Фенербахче сака да го задржи Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски би можел да остане во Фенербахче и да добие перманентен договор. Тој се врати во стартниот состав на тренерот Жорге Жесус и прикажува се подобри игри. Турските медиуми сега најавуваат дека раководството на клубот сега сериозно размислува да му понуди договор за соработка.

Алиоски дојде како позајмен играч од саудискиот клуб Ал Ахли, кој за откуп на договорот бараше 2 милиони евра. Сепак, на лето условите ќе бидат поинакви, а Фенербахче значително го промени мислењето и веројатно ќе отпочне преговори за да го задржи левиот бек на фудбалската репрезентација на Македонија.

Езгјан Алиоски оваа сезона за Фенербахче одигра 24 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.

Scroll to Top