Манчестер Јунајтед и Арсенал летото во 2003 година се бореле за потписот на тогаш супер-талентираниот играч на Спортинг Лисабон, Кристијано Роналдо. на крајот Роналдо ја прифатил понудата на „црвените ѓаволи“, а останатото е историја.
Менаџерот на Португалецот Жоге Мендеш открил зошто неговиот клиент тогаш ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед, а не таа на Арсенал, но и на неколку други тимови. Мендеш рекол дека бил сигурен дека Роналдо ќе заврши во Арсенал.
„Секогаш зборувам дека на крајот најважна работа во секој трансфер е тренерот. Одличен пример за тоа е Кристијано. Го бараа многу клубови, но сите по потпишувањето на договорот сакаат да го вратат една година на позајмица во Спортинг. Единствен кој беше подготвен да му даде место во тимот беше Фергусон. Тогаш немаше сомнеж дека тоа е најдоброто решение за него. И јас му кажав дека Јунајтед е идеално решение, се покажа дека тоа беше одлична одлука“, рекол Мендеш.
Кристијано Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 292 натпревари на кои постигна 118 гола. Во 2009 година за 94 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.