Top Sport

Фернандо Јеро ќе биде спортски директор на Чивас Гвадалахара

Еден од најистакнатите шпански фудбалери на сите времиња, Фернандо Јеро, кариерата ќе ја продолжи во Мексико. Тој 14 години беше играч на Реал Мадрид, со кој освои пет титули во Шпанија и три пехари во Лигата на шампиони.

Откако ја заврши кариерата, меѓу 2014 и 2015 година беше помошник тренер на Реал Мадрид, потоа раководеше со Овиедо, а беше и спортски директор во репрезентацијата на својата земја.

Сега се враќа и ќе работи како спортски директор во тимот на Чивас Гвадалахара во Мексико.

Чивас се смета за најпопуларен мексикански клуб, а во 2016 година истражувањето меѓу Мексиканците покажа дека 44 отсто од сите жители во оваа земја се негови навивачи.

Очекувањата од Јеро се големи, тој како спортски директор да се обиде да придонесе за успешно работење на клубот, но и за освојување трофеи.

Чивас Гвадалахара е основан во 1906 година и игра на стадионот Акрон, кој има капацитет од речиси 50.000 гледачи. Овој познат клуб има девет шампионски титули на својата земја, двапати го освои Купот, еднаш Суперкупот.

Scroll to Top