Top Sport

ФФМ реагира на изборот на АСМ: Не ја наградивте најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал

Изборот на најдобар спортист на Македонија во организација на Агенцијата за млади и спорт (АСМ) предизика револт и незадоволство во Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската репрезентација на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство го елиминира актуелниот европски шампион Италија, но, не доби признание за ова достигнување при изборот на АМС.

„Во последните неколку години мислевме дека видовме се од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се „фатиме за глава”. Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: – Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“, се вели во реакцијата од Фудбалската федерација на Македонија.

Scroll to Top