Пред утрешниот старт на Светското првенство со мечот на домаќинот Катар против Еквадор, ФИФА добила „предупредување“ за невообичаениот број на пенали кои биле досудени за Катар во подготвителните мечеви, кои се одржувале зад затворени врати, без ТВ-пренос, тврди британскиот „Дејли мејл“.
Катар одигра дури седум подготвителни мечеви од јули, од кои пет се играа зад застворени врати, во мечеви во кои не беа поканети ниту спонзорите, ниту официјалните лица и од тие мечеви беа дадени само кратки информации. Катар беа непоразени во првите четири меча, пред да загубат со 3:0 од У-23 репрезентацијата на Хрватска.
Катар се најнискорангираната репрезентација во групата А, каде што покрај Еквадор се и Холандија и Сенегал, но откако не успеаја да се квалификуваат на Светското првенство во 2018 година, под селекторот Феликс Санчез го освоија Азискиот куп во 2019 година и стигнаа до полуфиналето на ЦОНЦАЦАФ златниот куп во Централна Америка. Околу репрезентацијата, сепак, има малку информации – тие имаа четиримесечен летен камп во текот на летото, по што минатиот месец исто така имаа анонимен престој во Шпанија.
Овие вести доаѓаат по шпекулациите дека Катар наводно им исплатил огромна сума на Еквадор за да го загубат утрешниот меч, нешто што го демантираа и од ФИФА и од фудбалската федерација на Катар.
EXCL: FIFA put on alert over integrity of Qatar matches just 48 hours before World Cup as governing body is warned about an unusually high number of penalties being awarded to the hosts by referees | @MattHughesDM https://t.co/2JSz243tZD
— MailOnline Sport (@MailSport) November 19, 2022