Top Sport

ФИФА, конечно, со видео објасни зошто голот на Јапонија беше признат

ФИФА, конечно, објави официјално објаснување зошто вториот гол на Јапонија против Шпанија за 2:1 победата бил признаен и покрај тоа што многу фудбалски фанови сметаа дека топката беше излезена од игра пред акцијата.

Во еден од најконтроверзните моменти досега на СП во Катар, Каору Митома ја врати топката од аут-линијата за да му асистира на Танака за победничкиот гол. По ова следуваше долга ВАР пауза по која голот беше признаен, но тоа не спречи долга дискусија на социјалните мрежи.

ФИФА објаснува дека топката едноставно не ја имаше целосно поминато линијата, објаснувајќи дека одредените агли од кои се снима можат да носат привид дека топката е излезена.

Scroll to Top