Светската куќа на фудбалот ФИФА денеска ја презентираше својата нова платформа за стриминг „ФИФА плус“, која треба да стане „Нетфликс за фудбалот“, со бесплатни илјадници фудбалски натпревари секој година, иако не е јасно дали ова ќе се однесува и на Светското првенство во Катар на крајот на годината.
На „ФИФА плус“ се планирани над 40.000 мечеви во живо годишно, голема архива на мечевите од Светските првенства, а од стартот можат да се гледаат над 2.500 видеа од 1950-тите до денешниот ден. Сервисот исто тка обезбедув дневни фудбалски вести и интерактивни елементи како фантази мечеви, квизови и прогнозери.
Покрај тоа, ќе има и долгометражни документарци, документарни серии, ток-шоуа и многу кратки видеа.
„ФИФА плус“ е бесплатно за симнување на мобилните телефони и десктоп компјутерите и засега е достапно на пет јазици – англиски, француски, германски, португалски и шпански.
????? . ?????? . ????
Introducing #FIFAPlus: your new home for football ✨
Watch or stream for free thousands of live matches per month, stories from your favourite footballers, and the biggest archive of World Cup matches ? https://t.co/EO11dasOum pic.twitter.com/h4vm0z3PqJ
— FIFA.com (@FIFAcom) April 12, 2022