Светската куќа на фудбалот, ФИФА, промовираше нова кампања преку капитенските ленти на Светското првенство, иако група на европски репрезентации веќе решија да ја користат кампањата „One Love“ (една љубов), со боите на виножитото во знак на поддршка на правата на ЛГБТ заедницата во Катар, земја каде што хомосексуалноста е забранета.
Во соработка со УНЕСКО, Светската програма за храна и Светската здравствена организација, ФИФА ќе промовира различна социјална кампања во секоја рундад од натпреварувњето. Темата за четвртфиналето ќе биде #NoDiscrimination (без дискриминација), а други пораки се #SaveThePlanet (спаси ја планетата), #ProtectChildren (заштити ги децата), #EducationForAll (образование за сите) и #BeActive (биди активен).
И покрај оваа кампања, британските медиуми тврдат дека Англија и Велс нема да бидат дел од кампањата на ФИФА и ќе продолжат со планот да носат капитенски ленти со боите на виножитото.
FIFA has teamed up with @UNESCO, @WFP and @WHO to harness the power of football and spread positive messages globally, with each round of matches at the @FIFAWorldCup having a dedicated campaign to maximise reach and impact.#FootballUnitesTheWorld
— FIFA.com (@FIFAcom) November 19, 2022