Ѕвездата на Манчестер сити, Фил Фоден очигледно е експерт и со рибарската јадица, а не само со нозете, откако на социјалните мрежи го објави својот последен улов.
Познато е дека Фоден е љубител на риболовот, кога ќе добие слободни денови од Пеп Гвардиола, и во понеделникот тој се пофали со две големи риби и порака: „Две риби од уловот“.
Неодамна, Фоден призна дека има уникатно хоби.
„Моето хоби е риболов, и луѓето кога ќе дознаат се чудат. Не сфаќаат како можам да уживам во тоа. Но, тоа е совршено хоби за одмор на нозете и мирно време“, вели Фоден.